Gesamtlänge aller Episoden: 30 days 6 hours 27 minutes
Здравствените експерти предупредуваат на нови супер силни синтетички опиоиди кои влегуваат во Австралија со смртоносни последици. Тие се до педесет пати посилни од фентанил и веќе се поврзани со низа фатални предозирања со хероин.
Нова самостојна изложба на австралиско - македонската уметница, Виолета Чаповска, со наслов "Море, сол и свила" беше отворена минатата недeла, во Abbotsford Convent, во Мелбурн. Овојпат, Чаповска ги става во центарот на својот уметнички интерес и љубопитство, темите за изолација и за припадност.
"Во Мелник (Бугарија), кај споменикот на Јане Сандански, Македонците од сите страни на светот, традиционално се соберааат, за да ја одбележат неговата смрт (22 април 1915) и да го чествуваат неговиот лик и дело. И годинава, делегација ќе го посети гробот на Сандански, во Роженскиот манастир", вели Стојко Стојков, од "ОМО Илинден Пирин", кои се дел од учесниците на настанот.
Случајот за клевета на Брус Лерман против Network Ten и Лиса Вилкинсон пропадна, при што судијата на Федералниот Суд утврди дека ја силувал Британи Хигинс во Парламентот во март 2019 година. Г-ѓа Wilkinson и каналот Теn велат дека наодот е потврда на вистината во нивното известување и треба да послужи како предупредување за другите.